Top Sport

Лично Џани Инфантино го спасил Фери од катарската полиција

Натпреварот од 2. коло на Светското првенство во Катар помеѓу Португалија и Уругвај (2:0) беше накратко прекинат во 51. минута од навивач кој влезе на теренот облечен во маица со политички пораки и со знаето на виножито.

Навивачпт Марио Фери, е фудбалер ма Кастел ди Сангро и активист кој во минатото успевал да прекина натпревари на СП.

Фери носеше сина маичка со логото на Супермен на која од предната страна пишуваше „Спаси ја Украина“ и „Почитувај ги Иранките“ на задната страна. Знамето со виножито беше јасна поддршка за ЛГБТ заедницата.

Во интервју за „Онда Серо“, Фери открил дека ноќта ја минал во полициска станица. Од неволја го спасил претседателот на ФИФА и негов сонародник Џани Инфантино, кој не можел да поверува дека фудбалер/навивач/активист го направил тоа што го направил.

„Поминав тешка ноќ. Не во затвор, туку во полициска станица. Инфантино дојде во четири часот наутро да ми помогне. Никогаш претходно не сум го сретнал. Ми рече: Повторно ти, зошто? Катар е многу опасно за тебе“. Му реков дека пораките што сакам да ги испратам ми се многу важни. Сакам да трчам по теренот и да влетувам среде натпревар и да испраќам пораки на тие важни натпревари, секогаш со добра намера како вечера“, рекол Фери.

Фери досега 12 пати успеал да прекина натпревар во Бразил Лигата на шампионите, Мундијалите.

На СП во 2014 година во Бразил, накратко го прекина натпреварот САД-Белгија со пораката: „Спасете ги децата во фавелите“.

Scroll to Top