Top Sport

Лидс два месеци без првиот стрелец

Напаѓачот на англискиот премиерлигаш Лидс Јунајтед, Родриго Морено, ќе биде надвор од терените во следните два месеци поради повреда на скочниот зглоб, соопшти клубот.

Морено бил подложен на мала операција за да се реши проблемот и се очекува да се врати на теренот на крајот на март.

Во официјалното соопштение на веб-страницата на Лидс се вели дека 31-годишниот шпански напаѓач скршил коска и ги оштетил лигаментите на глуждот. Повредата ја заработи при удар на противнички играч на натпреварот од ФА Купот со Акрингтон, кој Лидс го доби со 3:1.

Фудбалерот досега има 10 гола оваа сезона, шест повеќе од вториот стрелец на клубот, Кристијано Сомервил.

Scroll to Top