Дури и да се случи Премиер лигата и англискиот Чемпионшип да не ја комплетираат сезоната 2019/20, двата првопласирани клубови во втората лига, Вест Бромвич Албион и Лидс јунајтед на Езѓан Алиоски би добиле место во Премиер лигата, додека за третиот патник би одлучувал плејофот.
Традиционално, првите две пласирани екипи во пониските лиги влегуваат во погорната лига, додека екипите од третото до шестото место играат полуфиналиња во два натпревари, и финале на „Вембли“. Во сегашната ситуација, полуфиналињата во два меча би се замениле со само еден меч. Во моментов од третото до шестото место во втората лига се Фулам, Брентфорд, Нотингем форест и Престон норт енд.
Доколку се случи сезоната во Премиер лигата да биде прогласена за поништена и не се праќаат во пониска лига три клубови, се очекува првопласираните шест клуба од Чемпионшип да ја бараат правдата на суд. Друга опција е во 2020/21 да има Премиер лига со 23 клуба.