Лидс јунајтед избегнаа посериозна казна и ќе треба да платат само 200.000 фунти за шпиунскиот скандал кој го потресе англискиот Чемпионшип.
Еден претставник на клубот од „Еланд роуд“ беше уапсен додека го шпиунираше тренингот на Дерби каунти пред нивниот меѓусебен меч, по што Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) одлучи дека тие го прекршиле правилото 3.4: „Во односите со лигата, секој клуб ќе се однесува кон ривалскиот клуб со добра намера“.
Поради ова тимот на Марсело Биелса доби казна од 200.000 фунти и формално предупредување, а исто така се согласија со новото правило на ЕФЛ кое стриктно забранува гледање на тренинг-сесии на ривалите 72 часа пред мечот.
„Иако не прекршивме одредено правило, прифаќаме дека не го исполнивме стандардот околу правилото 3.4. Се извинуваме што се однесувавме на начин кој е културно неприфатлив во англискиот фудбал, и ќе се фокусираме на работите на фудбалскиот терен“, се вели во соопшението на Лидс.
Клубот на македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски доколку ги победат Болтон во следниот меч ќе се вратат на првото место во англиската втора лига.
„Лудакот“ Биелса призна: Ги шпиунирав сите тимови во Чемпионшип! (видео)