Ветеранот Стефан Лихштајнер по само една сезона го напушти Арсенал, тој стана член на Аугсбург, објави клубот.
Лихштајнер (35) во Аугсбург пристигна како слободен играч, а со германскиот тим потпишал едно годишен договор.
„Ова беше моја желба, по Англија да играм во Германија. Мислам дека можам да придонесам со своето искуство. Со нетрпение чекам да заиграм во Бундес лигата“, рекол поранешниот репрезентативец на Швајцарија.
Во кариерата Лихштајнер играл за Грасхоперс, Лил, Лацио и Јувентус.