Лион ја оствари 14. победа во француското првенство оваа сезона откако го совлада Монпелје на домашен терен со 5:2. Со ова се уште има надежи за излез на европска сцена следната сезона.
Муса Дембеле и Тијаго Мендеш обезбедија два гола предност за Лион, но домаќинот брзо ја загуби откако Монпелје погоди преку Вахи и Савание пред одморот.
Сепак, во второто полувреме Хусем Ауар со два гола и Токо Екамби му донесоа на Лион убедлив триумф.