Top Sport

Ливаковиќ: Немаше пенал…

Хрватскиот репрезентативен голман Доминик Ливаковиќ не беше расположен за разговор по поразот од Аргентина во полуфиналето на Светското првенство.

Тој накратко застана во разговор со новинарите додека го напушташе стадионот „Лусаил“ во Доха:

„Видовте што се случи, што да коментирам…“

Медиумите се интересираа околу пеналот за водство на Аргентина.

„Каков пенал, немаше никаков пенал…“, изјави кусо Ливаковиќ.

Хрватска ќе игра за третото место против поразениот од дуелот Мароко – Франција кој е закажан за вечерва од 20 часот.

Scroll to Top