Ливерпул ќе постави во игра два различни тимови во англискиот Лига куп и во Светското клупско првенство во период од 24 часа во декември поради тоа што не може да се одложи четврт-финалето од Лига купот.
Дуелот со Астон вила треба да се игра на 17 декември, истата недела во која тимот на Јирген Клоп патува во Катар за Светското клупско првенство на ФИФА, каде што го играат првиот меч на 18 декември.
Клоп претходно се закани дека ќе го повлече тимот од Лига купот доколку не се презакаже мечот, но сега тимот потврди дека ќе игра со два различни состави во двата меча.
„Клубот сака да посочи дека ова не е идеално сценарио, туку е одлука која е направен за доброто на натпреварувањето“, се вели во соопштението на клубот.
Our #CarabaoCup quarter-final tie at @AVFCOfficial will take place on Tuesday 17th December. https://t.co/XyxwTy3wbB
— Liverpool FC (@LFC) November 5, 2019