Кепа Аризабалага требаше да биде „адут“ на Томас Тухел во финалето на Англискиот лига куп, внесувајќи го во игра посебно за пеналите против Ливерпул, но по маратонската пенал-серија од 11 серии, токму шпанскиот голман беше трагичар, и тоа во улога на изведувач на пенал, кога го упати својот удар високо над голот.
Ливерпул беше тимот кој имаше повеќе од иницијативата во регуларните 90 минути, и неколку пати на вистинско место беше Едуар Менди, спасувајќи ги од сигурен гол, а Ливерпул имаа и поништен гол на Жоел Матип откако Виргил ван Дајк направи фаул во текот на акцијата.
Пред продолженијата, Тухел реши да му даде шанса и на Ромелу Лукаку, откако го остави на клупата на стартот на мечот и тој одговори со гол кој беше поништен поради офсајд. Малку подоцна и голот на Каи Хаверц беше поништен исто така поради офсајд, по што мечот се одлучуваше на пенали, а Тухел го извади Менди и го постави Кепа Аризабалага во игра.
По ова следуваше неверојатната пенал серија, во која сите фудбалери успешно ги изведоа своите обиди, за во 11-тата рунда да дојде време на голманите. Ирскиот чувар на мрежата на Ливерпул, Куивин Келехер беше успешен, по што Кепа имаше големо промашување за славје на „црвените“.
It’s the commentary for me..BALAGAAA??? Kepa thought he was playing a goal kick???#CHELIV pic.twitter.com/ALAICU15A8
— Nabeeel⚡️ (@Nabeel_umarr) February 27, 2022