Top Sport

Лошо лето за Адил Рами – по „корпата“ од Памела Андерсон доби и отказ

Само пред една година, Адил Рами беше на врвот на својата кариера, како дел од шампионскиот француски тим од СП во Русија и со Памела Андерсон како девојка. Летото 2019 тој ќе го памети по лошо, откако Марсеј го раскинаа договорот со него, откако тој не се појави на тренинг на клубот.

Според „Л’Екип“, Рами наместо на тренинг бил на снимање на реалното ТВ-шоу „Форт бојар“, каде што бил вклучен во натпреварување во борење во кал. Ова се случило на 20 мај, два дена по победата над Тулуз во која Рами се повреди.

Марсеј не биле свесни за ова и дознале на 29 јуни, кога ТВ-шоуто било прикажувано. Клубот веднаш му соопштил да не се појавува на тренинзите, а сега со консултација со адвокатите, реши да го отпушти Рами.

Со ова се комплетираат мизерните два месеци за поранешниот фудбалер на Лил, Валенсија, Милан и Севилја, откако канадската актерка и модел, Памела Андерсон јавно на социјалните мрежи го нарече „чудовиште“ по двегодишната врска со него. Андерсон го обвини Рами дека постојано ја изневерувал.

Без девојка и без работа… Лошо лето за Рами.

Памела Андерсон по разделбата со Адил Рами: Тој е чудовиште

Scroll to Top