Фудбалските страсти не зовриваат само на натпреварите во машка конкуренција, како што покажуваат снимките од Лига МХ Феменил, мексиканската женска прва лига од дуелот меѓу Некакса и Пуебла.
Во 93. минута од мечот, Сараи Ким од Некакса (кои водеа со 1:0), се најде на работ на шестнаесетникот и беше опкружена со четири дефанзивки на Пуебла и тогаш почна хаосот, кој заврши откако судијката Франција Марија Гонзалез покажа два црвени картони на фудбалерките, но и на тренерот на Пуебла, Хуан Карлос Качо и неговиот помошник.