Top Sport

ПСЖ со писмо до Мбапе: Ако заминеш бесплатно, ќе има многу отпуштања во клубот

Раководството на ПСЖ објави писмо до напаѓачот Килијан Мбапе, во кое ги објаснува тешките финансиски последици за клубот доколку напаѓачот замине како слободен играч следното лето.

Според „Л’Екип“, во документот се наведува дека во такво сценарио, парижаните би морале да продаваат играчи, да ја преиспитаат нивната политика за промовирање на играчи од академијата и нивна промоција во првиот тим и да направат многу отпуштања од клубот.

Писмото беше објавено откако се дозна дека Мбапе го известил претседателот на клубот Насер Ал-Хелаифи дека не сака трансфер и дека ќе го исполни договорот со ПСЖ до 2024 година.

Мбапе е во ПСЖ од август 2017 година, кога дојде од Монако за 180 милиони евра. Во сезоната 2022/23, напаѓачот постигна 41 гол и забележа 10 асистенции на 43 натпревари за парижаните во сите натпреварувања.

Scroll to Top