Роберто Морено ќе ја предводи шпанската репрезентација за мечот против Малта вечерва, откако Луис Енрике мораше да остане во Шпанија поради „итни семејни причини“, објави Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ).
„Ла роха“ играат во Та Кали на Малта три дена откако ги почнаа квалификациите за Евро 2020 со 2:1 победа над Норвешка. Роберто Морено, кој долги години е асистент на Луис Енрике и со него работеше во Рома, Селта и Барселона, ќе биде привремен селектор.
Луис Енрике стана шпански селектор по Светското првенство во 2018, кога Хулен Лопетеги беше отпуштен пред шампионатот, а Фернандо Јеро ги однесе до осминафиналето, каде што загубија од Русија. Шпанија не се квалификуваше во финалето на Лигата на нации, но избегна испаѓање во втората лига во тешката група со Англија и Хрватска.