Луис Енрике замина од селекторската позиција на Шпанија два дена откако „црвената фурија“ беше елиминирана на пенали од Мароко во осминафиналето на Мундијалот во Катар. За негов наследник е именуван Луис де ла Фуенте, а тој се збогува со фудбалерите и фановите.
„До играчите, кои беа пример за добро однесување и кои ја следеа идејата, жалам што не можев повеќе да ви помогнам. Ми беше задоволство да бидам дел од ова заедно со вас“ , напиша Енрике на Инстаграм.
„На крај, но не и најмалку важно, порака до навивачите кои не поддржуваа цело време, особено во тешките моменти. Време е да се збогуваме. Само уште една порака. Она што сега му треба на тимот е поддршка за новиот селектор Луис де ла Фуенте за да може да го постигне тоа што сите до сакаме. Напред, Шпанија. Засекогаш. Ви благодарам“, истакна Луис Енрике.