Top Sport

Луис Суарез после СП ќе заигра во МЛС лигата

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез после Светското првенство во Катар ќе го напушти Насионал и ќе се пресели во МЛС – лигата на САД. Како што откриваат шпанските медиуми, тој се договорил за трансфер во редовите на Лос Анџелес галакси.

Постоеше можност Суарез да се врати и во Европа, за него беа заинтересирани Астон Вила и Хетафе, но тој одлучи да замине во Америка.

Луис Суарез имаше понуда и од Интер Мајами, клуб чиј ко-сопственик е Дејвид Бекам. Сепак, тој се одлучи за живот во Лос Анџелес.

Scroll to Top