Top Sport

Почина Славе Атанасовски, првиот македонски ракометен селектор

Македонскиот ракомет загуби уште едно големо име. Денес почина првиот селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија, Славе Атанасовски – Чаве. Македонија под негово водство во 1993 година го одигра првиот официјален репрезентативец натпревар на меѓународен турнир во Романија.

Атанасовски беше селектор и на женската репрезентација на Грција, а на клупско ниво тренер на повеќе македонски екипи.

Атанасовски е роден во 1945 година во Скопје и својата играчка кариера ја почна во екипата на Партизан. Потоа настапуваше и за тогашниот состав на Графичар, сегашен Вардар, а беше дел и од Борец, Металург и Пролет.

Scroll to Top