Луис Суарез кариерата би можел да ја продолжи во Серија А. Во случајов станува збор за играч со исто име и презиме како и ѕвездата на Барселона. Овој Луис Суарез има 22 години, има 22 години и го носи дресот на Сарагоса.
Инаку Колумбиецот Луис Суарез официјално е играч на Вотфорд, а сезонава игра како позајмен на во Сарагоса.
Тој во Сегунда има одиграно 29 натпревари на кои постигнал 17 голови.
Луис Суарез е играч на Вотфорд од 2017 година, но таму никогаш не добил шанса да игра, туку клубот го позајмувал во Валјадолид и Химнастик.
Шпанските медиуми пишуваат дека интерес за него покажале Наполи и Лацио, а шпекулираат дека во траката за неговиот потпис би можел да се вклучи и Атлетико Мадрид.