Годината 2018 дефинитивно е во знакот на Лука Модриќ. Капитенот на хрватската репрезентација и плејмејкер на Реал Мадрид по освојувањето на наградата за најдобар фудбалер на СП во Русија, по наградата на УЕФА за фудбалер на годината, конечно, го крена и најелитниот индивидуален трофеј во светот на фудбалот, „Златната топка“ на „Франс фудбал“.
„Ова е чувство кое не се опишува. Среќен сум, горд и почестен. Емоциите кои ги имам сега се тешки за опишување, но прво морам да се заблагодарам на сите кои ми помогнаа да бидам тука денеска. Во прв план моите соиграчи и тренери во Реал Мадрид и во хрватската репрезентација. На тие кои гласаа за мене, на моето семејство, сопругата и децата кои ме исполнуваат како личност. Како дете сонував дека еден ден ќе играм за голем клуб и ќе освојувам трофеи. ’Балон д’ор’ беше повеќе од сон за мене, така што сум почестен што сум тука вечерва“, изјави Модриќ откако ја доби наградата од француската фудбалска легенда Давид Жинола.
La première réaction du Ballon d’Or France Football 2018, Luka Modric #ballondor https://t.co/bjJGR2lh2D pic.twitter.com/muAayhMq55
— la chaine L’Équipe (@lachainelequipe) December 3, 2018
Модриќ со оваа награда исто така става крај на деценијата владеење на Кристијано Роналдо и Лионел Меси, кои по пет пати беа прогласувани за најдобри фудбалери во последните 10 години. Роналдо и Меси, не покажаа доволно доблест да бидат присутни на крунисувањето на Хрватот, решавајќи да ја пропуштат спектакуларната церемонија во Париз.
Многумина сакаа да ја покажат статистиката според која Модриќ не ја заслужува топката (имаше 2 гола во текот на целата сезона), меѓутоа Хрватот покрај тоа што со Реал Мадрид трета година едноподруго стана шампион во Лигата на шампионите, ја предводеше Хрватска до историскиот успех и сребрениот медал на СП во Русија.
?? Luka Modric is the first Croatian player who wins the Ballon d’Or! #ballondor pic.twitter.com/9I99HJuuyf
— #ballondor (@francefootball) December 3, 2018
Модриќ од УЕФА во август ја доби наградата за најдобар фудбалер на Европа, додека во септември, ФИФА го прогласи за најдобар фудбалер на светот во избор на капитените и селекторите на федерациите, како и новинарите и навивачите. Модриќ исто така ја доби и наградата од американскиот магазин „Џентлменс квортерли“ (GQ), како и наградата од Меѓународниот институт за историја и статистика (ИФФХС).
За трофејот да биде „посладок“ се погрижи и хрватското јавно обвинителство, кое денеска потврди дека тој нема да биде гонет во случајот на поранешниот прв човек на Динамо, Златко Мамиќ.
На церемонијата во Париз исто така за првпат се додели и „Златна топка“ во женска конкуренција, која отиде кај Норвежанката Ада Хедберг, која со Олимпик Лион стана шампион во Лигата на шампионите.
?? Olympique Lyonnais player Ada Hegerberg wins the first women’s Ballon d’Or of the history! #ballondor pic.twitter.com/VftyQ8VDec
— #ballondor (@francefootball) December 3, 2018
Неколку часа пред официјалната потврда – Модриќ пред Роналдо за „златната топка“?