Top Sport

Лукаку ќе замине од Интер, но ќе остане во Серија А?

Белгискиот интернационалец Ромелу Лукаку ќе го напушти Интер по завршувањето на сезоната. Тој е член на Челси кој како позајмен играч настапува за Интер оваа сезона, но не успеа да ги оправда очекувањата.

Водечките луѓе на италијанскиот клуб не се задоволни од неговите настапи оваа сезона, па нема да го откупат неговиот договор на крајот од сезоната.

Сепак, според најновите информации од Апенините, Белгиецот е на добар пат да остане во Серија А. За неговите услуги е заинтересирана Рома. Жозе Мурињо го посакува Лукаку во нападот на „волчицата“. Тој би бил одлично решение за тимот кој се подготвува за настап во Лигата на шампионите.

Рома моментно е на третото место во Серија А, зад Наполи и зад Лацио.

Scroll to Top