Top Sport

Сабаленка е незапирлива – 3 титули во низа и 15 меча без пораз

Белорусинката Арина Сабаленка го освои својот трет последователен ВТА трофеј, доминирајќи над Русинката Вероника Кудерметова со 6:2/6:2 за титулата од Абу Даби опен, продолжувајќи ја победничката низа од 2020 на 15 меча.

Четвртата носителка немаше мака против 23-годишната Кудерметова, победувајќи по час и 5 минути игра.

„Го правам тоа што го умеам во секој меч од почетокот и одлично е сезоната да се почне со победа. Секое финале е поинакво“, вели Сабаленка.

Ова беше прво ВТА финале за Кудерметова, 46-рангираната светска тенисерка.

Прв АТП шампион во 2021 е Австралиецот Алекс де Минаур, откако неговиот противник во финалето на Анталија опен во Турција, Казахстанецот Александер Бублик се повлече по само два загубени гема поради повреда.

Scroll to Top