Рускиот енергетски гигант „Лукоил“ потврди дека купиле 100 отсто од акциите на фудбалскиот клуб Спартак Москва, додавајќи дека долгогодишниот претседател на клубот, Леонид Федун си заминува од позицијата.
Спартак е најуспешниот руски клуб според домашните титули, освојувајќи 22 титули во СССР и Русија, но во последно време приматот во руската Премиерлига го има Зенит Санкт Петерсбург. „Лукоил“ веќе беше спонзор на клубот, и сега го откупи целиот клуб и нивниот стадион со 45.000 седишта „Откритие банк арена“.
„Во блиска иднин ‘Лукоил’ планира да направи повеќе страатешки иницијативи за засилување на менаџерскиот систем во тимот. Компанијата смета дека овие иницијативи со стабилно спонзорство ќе го засили клубот“, се вели во објавата на „Лукоил“, втората најголема нафтна компанија во Русија по „Руснефт“.
66-годишниот Федун, кој долго време беше лидер на тимот, а во исто време е и ко-основач на „Лукоил“, се повлекува од сите позиции и заминува во пензија. Неговата 35-годишна сопруга, Зарема Салихова, пак, беше една од најконтроверзните жени во рускиот фудбал, откако беше дел од борот на тимот и честопати одлучуваше за засилувањата.
Спартак во 2017 година ја прекина низата од 16 години без титула под италијанскиот тренер Масимо Карера, но следната сезона Локомотив Москва ја освои титулата, по што четири години во низа шампион беше Зенит, клуб спонзориран од „Газпром“.