Барселона останува убедлив лидер во шпанската Ла лига, откако со 3:1 потешко од очекувањата го победи Леганес на „Ноу Камп“, за да остане на пет поени пред Атлетико Мадрид и на дури 10 пред Реал Мадрид по 20 кола.
Проблематичниот Усман Дембеле во 32. минута од мечот ги донесе Каталонците во водство, меѓутоа клубот од предградието на Мадрид во 57. минута израмни преку Брејтвајт.
Победата беше осигурана во финишот на мечот, секако преку Лионел Меси, откако прво во 71. минута по неговиот фантастичен удар Луис Суарез ја уфрли топката во мрежата, а потоа во 92. минута по прекрасно проигрување со Жорди Алба да постигне уште поубав гол за конечни 3:1.
Фото: ЕПА