Атлетико Мадрид успеа со победа да ја стартува новата сезона во Ла лига, иако на „Ванда метрополитано“ се намачи со Хетафе пред да стигне до 1:0 победа.
По спориот старт на мечот, „јорганџиите“ дојдоа до посакуваната предност во 23. минута, откако Киеран Трипиер му направи фантастична асистенција на Алваро Мората, кој ги израдува домашните навивачи.
Хетафе имаше под 40 отсто од поседот на топката, а работите се влошија за гостите откако капитенот Молина доби црвен картон поради опасен старт на глуждот на Томас. Но, Атлетико наместо да ја искористи преднсота на играч повеќе, исто така остана со 10 играчи, откако Ренан Лоди доби два жолти картони во една минута за два бизарни старта само три и пол минути подоцна.
“Atletico spent hundreds of millions on a teenager?”
Yeah and his names Joao Felix pic.twitter.com/JWQY9I6XeY
— Sean (@SeanWalkerSport) August 18, 2019
Сепак, „рохибланкос“ имаа шанса да стават точка на натпреварот во 56. минута, кога португалската ѕвезда Жоао Феликс ја помина речиси цела одбрана на Хетафе, за да изнуди пенал за Атле. Но, Алваро Мората од белата точка не беше прецизен, откако неговиот удар во левиот агол беше одбиен од Сорија.
Хетафе пак, можеше да го казни ова во 86. минута од мечот, откако замената Родригез од работ на шестнаесетникот упати опасен удар, кој помина низ рацете на Облак и заврши во пречката.