Top Sport

Мајк Дин: Требаше да алармирам за влечењето за коса на Кукуреља

Натпреварот меѓу Челси и Тотенхем на „Стемфорд бриџ“, кој заврши со реми (2:2) го одбележаа и неколку контроверзни одлуки на главниот судија Ентони Тејлор. Судијата во ВАР собата, Мајк Дин, призна дека требало да го повика главниот судија да ја погледне спорната ситуација во која Ромеро го повлече Кукуреља за коса.

„Што се однесува до вториот гол кој го постигна Хари Кејн, му реков на Тејлор да почека додека го гледам инцидентот помеѓу Кристијан Ромеро и Марко Кукурела. Не можев да го проценам слободниот удар бидејќи сум ВАР судија, но можев да му кажам на Тејлор дека треба самиот да го погледне инцидентот кој може да донесе црвен картон. Во тие неколку секунди, потегот на Ромеро како го влече Кукуреља за коса, не ми изгледаше како чин на насилство. Подоцна откако го погледнав неколку пати видеото со други судии, сфатив дека требаше да му кажам на Тејлор да оди да погледне во мониторот. Судијата на теренот секогаш ја има конечната одлука. Тоа само покажува дека без разлика колку си искусен како мене, сè уште учиш од секоја ситуација“, рече Мајк Дин.

 

Scroll to Top