Директорот на Милан, Паоло Малдини не е задоволен од одлуката на судијата да досуди пенал за Фиорентина со која тимот израмни во финишот на нивниот меч во саботата. Анте Ребиќ со нов гол ги донесе „росонерите“ во водство, пред Алесио Ромањоли да стартува над Патрик Кутроне за пенал за клубот од Фиренца.
„Игравме подобро, но за жал добиваме само поен. Малку е иритантно што ВАР не ја поправи одлуката на судијата. Пред две години барем бевме сигурни што е пенал, а што не е. Ако ова е пенал, тогаш навистина не го разбирам денешниот фудбал. Ни велат дека допирот со топката треба да е одлучувачки, нешто што не сум го слушнал досега. Сепак, судијата требаше да потроши 30 секунди за повторно да го погледне инцидентот, бидејќи тој беше одлучувачки“, вели Малдини.
ВАР претходно не беше толку неодлучен во мечот – голот на Златан Ибрахимовиќ беше поништен поради играње со рака, додека Далберт доби директен црвен картон по интервенција на ВАР откако прво му беше доделен само жолт картон.
La palla cambia direzione.
Poco da dire.#FiorentinaMilan— Pietro Balzano Prota (@PBPcalcio) February 22, 2020