Top Sport

Малдини остро: Рангник пред да учи италијански, да научи што е тоа респект

Иконата на Милан, Паоло Малдини му порача на Ралф Рангник да го научи „концептот на респект“ откако поранешниот тренер на РБ Лајпциг изјави дека е потребно да се исполнат некои услови и тој да добие „одредена моќ“ за да го преземе кормилото на „росонерите“.

Интересот на Милан за Рангник трае подолго време и беше главна причина за заминувањето на директорот Звонимир Бобан кој изјави дека чувствува дека генералниот директор Иван Газидис му работи зад грб со преговорите со Германецот. Италијанските медиуми тврдеа дека Газидис му понудил на Рангник улога на „класичен“ англиски менаџер, со голема моќ за одредување на трансферите на тимот.

Со ова ангажирање, Малдини и главниот тренер Стефано Пиоли би останале без место кај „росонерите“, и Малдини немаше влакна на јазикот кога тргна во напад на Рангник.

„Никогаш не сум зборувал со Рангник и не сфаќам на која основа се неговите изјави, бидејќи мене сопственикот не ми посочил такви работи. Но, некои мисли мораат да се кажат. Германецот, всушност зборува за улога со целосна менаџерска моќ на спортско и на техничко ниво, каде што работат професионалци со одредени договори. Затоа би му советувал, пред да научи да зборува италијански, да ги научи концептите за респект, бидејќи има колеги, кои покрај сите тешкотии се обидуваат да ја завршат сезоната на професионален начин, ставајќи ја професионалната гордост за доброто на Милан“, вели Малдини во интервју за „АНСА“.

Рангник за Милан: Ми треба влијание во клубот за да прифатам таква работа

Scroll to Top