Расте загриженоста во Манчестер Јунајтед дека Рафаел Варан би можел да го пропушти остатокот од сезоната поради повреда на скочниот зглоб, пренесуваат медиумите на Островот.
Дефанзивецот се повреди во првото полувреме на натпреварот против Севилја во четвртфиналето на Лига Европа и беше заменет на паузата. Му беа извршени скенирање и други дополнителни тестови кои покажаа дека најверојатно ќе пропушти околу шест седмици. Тоа практично значи дека Варан тешко ќе заигра до крајот на оваа сезона за „црвените ѓаволи“.
Тоа е уште еден удар за амбициите на Манчестер Јунајтед, откако пред само неколку дена се дозна дека неговиот партнер од централниот дел од одбраната Лисандро Мартинез исто така ќе биде надвор од терените до лето.