Со потврдениот трансфер на Антони од Ајакс и пристигнувањето на позајмица на голманот Мартин Дубравка од Њукасл, Манчестерјунајтед го завршуваааат летниот „пазар“ на играчи со фантастични 227 милиони фунти, но без главната цел, миленикот на менаџерот Ерик Тен Хаг, Френки де Јонг, за кого ќе почекаат подобри денови.
И покрај критиките на навивачите кон газдите, американското семејство Глејзери, Тен Хаг доби најмногу пари во еден преоден рок од било кој претходен менаџер на „ѓаволите“, пополнувајќи „дупки“ во тимот со потписите на Тајрел Маласија, Кристијан Ериксен, Лисандро Мартинез, Касемиро, Антони и Дубравка, иако уште постојат „проблематични“ позиции, како десен бек и напаѓач. Се верува дека интересот на Тен Хаг и Јунајтед за Де Јонг останува.
Оле Гунар Солскјер беше менаџерот кој претходно доби најмногу пари во еден преоден рок, откако во 2019 потроши 153 милиони фунти, од кои голем дел отидоа кај Лестер за потписот на Хери Мегваер.
An agreement has been reached for the transfer of @Antony00 ??#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) August 30, 2022