Пол Погба е еден од фудбалерите за кои се тврди дека од наредната сезона ќе има нов клуб. Јувентус и Реал се тимовите со кои се поврзува светскиот првак со Франција од 2018 година.
„Дејли Стар“ денес објави дека Манчестер Јунајтед ја одредиле цената за својот фудбалер. Погба може да го напушти „Олд Трафорд“ за сума од 145 милиони евра.
Ова може да значи дека фудбалерот и наредната сезна ќе остане во клубот. Тешко дека некој ќе сака да ја плати оваа сума. Сите клубови, па и оние најбогатите, чувствуваа последици од кризата што ја предизвика коронавирусот.