Top Sport

Манчестер Јунајтед ќе ја зголеми понудата за Хојлунд

Манчестер Јунајтед во секој момент ќе испрати втора понуда до Аталанта за напаѓачот Расмус Хoјлунд. Тимот од Бергамо ја одби првата понуда на „црвените ѓаволи“ за Данецот, која наводно била вредна 30 милиони фунти. Сега 20-кратниот шампион на Англија ќе го зголеми нивото за уште 10 милиони – до 40 милиони фунти.

Хојлунд стана приоритетна цел за нападот на Манчестер Јунајтед, откако стана јасно дека клубот тешко може да си дозволи некој од скапите Хари Кејн и Виктор Осимен, кои на почетокот на летото беа најбарани од менаџерот Ерик тен Хаг и навивачите на тимот.

Манчестер Јунајтед веќе го ангажираше Мејсон Маунт од Челси за 55 милиони фунти, плус 5 милиони бонуси. Тоа значи дека клубот има само околу 65 милиони фунти да потроши за нов напаѓач и за нов голман.

Ова е поради ограничувањата наметнати од финансискиот фер-плеј. Ситуацијата може да се промени само со продажба на некои од актуелните играчи во тимот.

Scroll to Top