Top Sport

Пари Сен Жермен „раскина“ со Галтие, утре го претставува Луис Енрике

Францускиот шампион Пари Сен Жермен утре на прес-конференција во својата база во Поаси ќе го претстави новиот тренер Луис Енрике, најави „Л’ Екип“. Шпанскиот стратег минатата недела веќе го посети новиот тренинг центар на парижаните.

Луис Енрике (53), кој до неодамна беше селектор на шпанската репрезентација, се очекува да биде претставен од претседателот на клубот, Насер Ал-Хелаифи.

Шпанецот пред извесно време се согласи да го преземе ПСЖ, но неговата промоција постојано се одложуваше бидејќи клубот мораше да изнајде договор за раскин на соработката со тренерот во заминување, Кристоф Галтие.

Поранешниот тренер на ПСЖ, кој имаше уште една година од договорот, ќе ја добие бараната финансиска отштета. Денеска и официјално договорот е раскинат.

 

Scroll to Top