Top Sport

Манчестер Јунајтед нуди „луда размена“ – Хари Мегваер за Френки де Јонг

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед сака да го доведе холандскиот интернационалец Френки де Јонг, играчот за врска на Барселона, во летниот преоден рок, а мора да се признае и дека смисли обид за „луда размена“.

Новиот менаџер Ерик тен Хаг, кој ќе го преземе кормилото на тимот на почетокот на следната сезона, проектирал дека Хари Мегваер, кој во моментот ја носи капитенската лента на „ѓаволите“, нема да биде во стартниот тим, па раководството на Манчестер Јунајтед ќе го понуди како дел од евентуална размена за Френки де Јонг.

Мегваер има огромна вредност на Островот, меѓутоа прашање е дали Барселона е подготвена на ваков чекор, со оглед дека на каталонскиот тим му се потребни финансиски средства за да ја санира клупската каса.

Манчестер Јунајтед е подготвен, доколку е потребно, да додаде уште еден фудбалер во размената, а се споменуваат имиеата на Скот Мектоминај, Алекс Телјес или Ентони Еланга.

Scroll to Top