Резултатската криза на Манчестер јунајтед ќе се решава со пари, откако англиските медиуми тврдат дека Ед Вудвард и „газдите“ на клубот решиле да потрошат фантастични 300 милиони фунти на засулавања следното лето.
Според „Дејли мејл“, главната цел се старите желби на Оле Гунар Солскјер – напаѓачот на Лион, Муса Дембеле и плејмејкерот на Лестер сити, Џејмс Медисон, но и Саул Нигуез од Атлетико Мадрид.
Солскјер верува дека со доаѓањето на Хери Мегвајр се решиле главните проблеми во одбраната и дека засега нема потреба да се купуваат одбранбени играчи, така што фокусот е на средниот ред и секако на нападот.