Top Sport

Манчестер Јунајтед се засили со Турчинот Бајиндир на голманската позиција

Манчестер јунајтед ја засили голманската позиција со првиот Турчин кој потпиша за клубот. Станува збор за 25-годишниот Алтај Бајиндир, кој настапуваше во Фенербахче во изминатите четири сезони.

Според турските медиуми, клубот од „Олд Трафорд“ ќе му плати на Фенербахче 7 милиони евра како обештетување.

„Алтај Бајиндир му се приклучи на Манчестер јунајтед на договор кој истекува во јуни 2027 година, со опција за уште една дополнителна година“, објави Манчестер Јунајтед.

Тој треба да му биде конкуренција на Камерунецот Андре Онана, кој исто така пристигна ова лето, по заминувањето на Давид Де Хеа и на Дин Хендерсон.

„Огромна чест за мене е што потпишав за Манчестер јунајтед и станав првиот турски фудбалер кој бил дел од овој неверојатен клуб. Имам пасија за успех и ќе направам се за да му помогнам на клубот да ги оствари амбициите. Не можам да дочекам да почнам со работа“, изјави Бајиндир.

 

Scroll to Top