Top Sport

Манчестер Сити ќе му ја зголеми платата на Халанд за 60%, ако потпише нов договор

Раководството на Манчестер Сити е подготвено сериозно да ја зголеми платата на напаѓачот Ерлинг Халанд.

„Граѓаните“ планираат да му понудат на Норвежанецот плата од 600.000 фунти неделно доколку тој се согласи да го продолжи договорот по 2027 година. Целта е уште подолго да го врзат напаѓачот.

Халанд може да добие до 60,5% зголемување на платата во споредба со минатата сезона, во која постигна 52 гола во сите натпреварувања.

Во моментов норвешкиот напаѓач води на табелата на стрелците со шест гола по четири натпревари во Премиерлигата.

 

Scroll to Top