Манчестер Сити нема намера да го продаде Бернардо Силва на Барселона, иако каталонскиот гигант има многу сериозен интерес за португалскиот интернационалец. Тој е голема желба на тренерот Чави.
Шпанскиот гигант во неколку наврати навести дека сака да го ангажира португалскиот плејмејкер, па дури и Хоан Лапорта се пошегува за тоа во заедничко интервју со Пеп Гвардиола.
Сепак, англискиот шампион е дециден дека ќе ги одбие сите понуди за играчот.
Барселона е подготвена да даде понуда вредна 70 милиони фунти и се надева дека таа ќе биде прифатена. Фудбалерот и минатото лето беше блиску до трансфер во Барселона, но тогаш беше убеден од газдите да остане на „Етихад“.
Манчестер Сити веќе ги доведе Ерлинг Халанд и Калвин Филипс за околу 100 милиони фунти, а сега Гвардиола е фокусиран на задржување на тимот со кој располага во моментот.