Италијанскиот селектор, Роберто Манчини вели дека видеата на кои Италијанците пејат на своите балкони во карантин поради корона вирусот е „вистинското лице на Италија“.
Италија е „стопирана“ речиси две недели поради КОВИД-19 вирусот, кој досега однесе над 4.000 жртви во земјата, и селекторот во интервју за „Ла газета дело спорт“ зборуваше за своите сонародници.
„Не сум помислил да си заминам од Италија, бидејќи се чувствувам сигурно тука и имам целосна доверба во лекарите кои вршат херојска работа. Сакам да бидам блиску до тие на кои сум им потребен. Го кажувам ова како обичен граѓанин, не бидејќи сум селектор. Најмногу ми се допаѓаат видеата на кои се гледаат луѓето како пејат на балконите. Тоа е автентичната Италија и не претставува нас. Го даваме најдоброто во тешки услови, кога ќе се гушнеме, ќе помогнеме и ќе ја покажеме хуманоста. Овие луѓе по толку болка и страв, заслужуваат да почне Европското првенство во фудбал и да се надеваат на победи“, вели Манчини.