Садио Мане е најголемата фудбалска ѕвезда на Сенегал и еден од најважните луѓе во земјата.
Мане се грижи за своите селани во селото Бамбали. Таму изгради училиште, болница, пошта и бензинска пумпа, а финансиски им помага и на сиромашните.
Жителите решиле, во чест на мане, да подигнат статуа во селото.
За жал, статуата многу малку или воопшто не личи на Мане. Неговиот израз на лицето изгледа морничаво и стана потсмев на социјалните мрежи.
Напаѓачот на Баерн се нема огласено на оваа тема, а ова е само една во низата очајни статуи. Најпозната е онаа на Кристијано Роналдо во неговиот Фуншал, кој со месеци служеше за потсмев.
Sadio Mane’s statue in Senegal 🇸🇳 pic.twitter.com/ak8EnSdFIy
— Project Football (@ProjectFootball) November 5, 2022