Ливерпул ќе се обиде да го убеди Садио Мане (28) да остане во клубот до крајот на кариерата. Сане медиумите го поврзуваат со трансфер во Реал Мадрид.
Сенегалецот е еден од клучните играчи на Ливерпул, еден од најзаслужните за титулата во Лигата на шампионите минатата сезона и доминацијата во Премиерлигата во тековната сезона.
„Фудбал Инсајдер“ објави дека челниците на Ливерпул за Сенегаецот подготвиле нов повеќегодишен договор и значително зголемување на платата.
Мане е играч на Ливерпул од 2016 година, за „црвените“ одиграл 161 натпревар на кои постигнал 77 голови.