Top Sport

Мане за помошта од Ливерпул за време на рамазанските пости

Садио Мане открива дека Ливерпул работат со своите муслимански фудбалери за да осигураат тие да продолжат со своите тренинзи според своите способности за време на рамазан.

Мане е еден од четирите фудбалери на Ливерпул кој е муслиман, покрај Ибрахима Конате, Наби Кеита и Мохамед Салах, а овој месец, тие постат во текот на денот, и Мане открива дека добиле поддршка од клубот во текот на април.

„Не е лесно да се игра за време на рамазан. Пред празникот зборувавме со шефот (Клоп н.з.) за да го смениме распоредот. Тренираме наутро за да биде полесно, бидејќи така имаш време да се одмориш и да одиш дома. Потешко е да се тренира попладне, и со тоа ни се помага многу. Ливерпул ни ги олеснува работите, бидејќи пред мечевите зборуваме со нутриционистот кој ни помага“, објаснува Мане.

Scroll to Top