Top Sport

Марибор му врачи отказ на Иличиќ

Легендарниот словенечки фудбалер Јосип Иличиќ доживеа целосен шок кога дозна дека е отпишан од тимот на Марибор.

Иличиќ во октомври минатата година стана член на Марибор, со клубот потпиша тригодишен договор. Тој беше донесен и најавен како големо засилување.

Викендов Марибор гостуваше кај Олимпија во Љубљана во дербито на словенечката прва лига. Марибор доживеа пораз во дербито 2:1.

Иличиќ влезе во игра во 76. минута и не одигра добро, шокот дојде неколку часа по завршувањето на натпреварот, кога дозна дека добил отказ.

Неговото однесување било пресудно за ваквата одлука. Според изјавите на тренерот Дамир Крзнар, тој лошо влијаел на играчите и ја нарушил атмосферата во тимот.

Иличиќ кариерата ја започна во Бритоф, играше за Бонифика, Интерблок, Марибор, Палермо, Фиорентина и Аталанта, додека за словенечката репрезентација забележа 80 настапи и постигна 16 голови.

Scroll to Top