Top Sport

Марио Илиевски стрелец за Кишварда

Mакедонскиот интернационалец Марио Илиевски го постигна првиот гол во унгарското првенство во дресот на Кишварда, во триумфот од 4:2 против Мезоковешд.

Илиевски беше стартер на натпреварот, а погоди на стартот на второто полувреме, во 49. минута кога зголеми на 3:1. Потоа беше заменет.

Кишварда на овој начин стигна до првата победа во првенството на Унгарија.

Scroll to Top