Top Sport

Ракометарките убедливо поразени од Германија

Македонските ракометарки загубија убедливо (21:34) од Германија на Светското првенство СП за кадетки, а тоа значи дека на последниот меч на турнирот ќе играат против Хрватска за пласман на 11. место во конечниот поредок.

Германија брзо направи предност од 8:3, а потоа Македонија успеа да се доближи на само еден гол негатива (10:9). Сепак, Германките до полувремето повторно се одлепија и заминаа со предност од 17:12.

Во второто полувреме германските ракометарки комплетно доминираа и на крајот славеа со 34:21.

Емилијана Ризоска и Теодора Дукоска постигнаа по четири гола во селекцијата на Македонија.

Scroll to Top