Top Sport

Аргентинец местел мечеви во тенисот, доби шест годишна суспензија

Аргентинскиот тенисер Николас Кикер доби шест годишна суспензија и ќе мора да плати парична казна од 25.000 долари, бидејќи учествувал во местење на мечеви, објави Канцеларијата за интегритет во тенисот (ТИУ).

Кикер, чии најдобар пласман на АТП листата е 78.место, во јуни 2017 година бил прогласен за виновен за местење на два меча на Челинчер турнирите во Италија и Колумбија, во 2015 година.

Исто така тој одбил да соработува со ТИУ во истрагата.

За потсетување, Кикер во 2015 година, на турнирот во Баранкиља, бил фаворит против ветеранот Џовани Лапенти, но бил поразен во три сета, а два месеци подоцна, на турнирот во Падова, бил поразен и во дуелот со Ли.

Scroll to Top