Top Sport

Лионел Меси на аргентинска банкота

Аргентинската централна банка размислува Лионел Меси во иднина да биде заштитниот знак на банкнотата од 1.000 пезоси (нешто повеќе од 5 евра). Тој е фудбалско божество во својата земја и вистински наследник на Диего Марадона, откако пред три дена го освои Светското првенство со репрезентацијата на Аргентина.

Меси беше прогласен за најдобар фудбалер на Мундијалот во Катар, а досега има учествувано на пет светски првенства. По 1986 година и трофејот со Диего Марадона, ова е најголемата радост за Аргентинците.

Меси најави дека и понатаму ќе настапува за националниот тим, а некои се надеваат дека би можел да игра и на шестиот мундијал, за четири години во САД, Канада и Мексико.

 

Scroll to Top