Италијанскиот калчолигаш Интер нема да го откупи Ромелу Лукаку на крајот од сезоната. Тој ќе се врати на „Стемфорд бриџ“, со оглед дека има договор со Челси.
Оваа вест ја потврди директорот Бепе Марота.
„Позајмицата е договорена за уште една сезона и кога ќе заврши оваа, Лукаку ќе се врати во Челси. Тој не ја најде својата најдобра физичка форма за да ја покаже својата најдобра верзија. Лукаку сè уште не е играчот што сме навикнати да го гледаме“, изјави Марота.
Лукаку оваа сезона одигра само 18 натпревари, постигна пет гола и забележа една асистенција во дресот на Интер.
Сепак, се мачеше со повреди и после тоа не може да го најде вистинскиот ритам и форма.