РБ Лајпциг стигна до 0:3 побед на гости кај Херта Берлин за да остане најсериозниот (ако не и единствениот) ривал на Баерн Минхен во Бундеслигата, но уште еднаш шоуто го „украде“ Марсел Забицер, човекот кој не знае да даде нормален гол.
Од неверојатна далечина од над 30 метри, тој упати удар со толкава моќ што голманотРуне Јарстеин едноставно не знаеше каде е. Уште поинтересно, топката како да „сакаше“ да влезе во голот.
Ова не е првпат Австриецот да го покаже својот шутерски талент. Во октомври, во Лигата на шампионите против Зенит Санкт Петерсбург, тој постигна уште една „бомба“ за да обезбеди 2:1 победа.
Забицер има 6 гола и 5 асистенции оваа сезона во сите натпреварувања, и најверојатно ќе биде на мета на големите клубови ова лето, бидејќи договорот му трае само уште 18 месеци.
¡Pégale un poco, Sabitzer ??! ?? pic.twitter.com/NVAb8DDeq9
— LA VOZ DEL FÚTBOL (desde ?) (@lavozdelfutbol2) February 21, 2021