Top Sport

Марсело ги демантира „прдежите во соблекувалната“

Дефанзивецот на Лион, Марсело Гуедеш се врати на Твитер со единствена цел да ги демантира вестите на угледниот спортски весник „Л’Екип“ дека бил исфрлен од првиот тим на францускиот клуб поради „гласно прдење во соблекувалната, и потоа смеење со неговите соиграчи“.

Во август, Бразилецот беше исфрлен во резервниот тим поради „неприкладно однесување и инцидент во соблекувалната“ по 3:0 поразот од Анжер, во меч во кој си постигна автогол. Дополнителни информации немаше до бизарниот извештај од „Л’Екип“.

„Благодарност до ‘Л’Екип’, по подолго време морам да се вратам на Твитер за да ги демантирам овие шпекулации. Новинарството денеска е вистсинска шега“, напиша 34-годишниот Бразилец.

Во ситуацијата се вмеша и Жунињо Пернамбукано, еден од легендарните фудбалери на Лион, кој сега е спортски директор на клубот.

„Гледаш, ти кажав, дефанзивец треба да прди гласно, долго и смрдливо. Твоето беше само гласно, а тоа е слабо“, напиша Жунињо.

Лион го избркал Марсело дека многу прдел во соблекувалната

Scroll to Top