Легендарниот Бразилец Марсело наскоро би можел да го раскине договорот и да си замине од Олимпијакос.
Марсело не е во добри односи со тренерот Мичел, од пристигнувањето во Пиреја никогаш не бил стартер, а вкупно на пет меча на теренот мина само 121 минута.
Да потсетиме, летово беше пречекан како бог, преполниот стадион во Атина го пречека со огномет, но се чини дека Марсело веќе не е во доволно добра форма ниту за Олимпијакос.
Пред да дојде во Олимпијакос, Марсело помина 15 сезони во Реал Мадрид, ги освои сите можни трофеи и стана играчот со најмногу трофеи во историјата на „кралскиот“ клуб.
Извесно е дека наскоро би можел да го раскине договорот со Олимпијакос, а засега нема информации дали ќе се пензионира или ќе премине во друг клуб.