Top Sport

Марсело се врати во Бразил и потпиша за Флуминенсе

Легендарниот бразилски фудбалер Марсело, кој освои многу титули како член на Реал Мадрид, по авантурата во Олимпијакос се врати дома и потпиша договор со Флуминенсе.

Тој стави потпис на верност до 2024 година, со опција за продолжување на соработката за уште една дополнителна година.

Марсело ја почна сениорската кариера токму во Флуминенсе во 2005 година и по две сезони во клубот замина во Реал Мадрид.

Scroll to Top